Без голови и без победник заврши натпреварот во Верона меѓу домаќинот Киево и гостинскиот состав на Рома во 26-та рунда од „Калчо лигата“.
За „волчицата“ ова е четврто реми во серија, а единаесетто вкупно во италијанскиот шампионат по што заостана во трката за титулата со Јувентус.
Ремито без голови и големата борба остана во сенка по страотната повреда на домашниот фудбалер Матиело.
Резултати : Чезена – Палермо 0-0, Киево – Рома 0-0, Емполи – Џенова 1-1, Парма – Аталанта 0-0, Удинезе – Торино 3-2, Наполи – Интер.
Ohridnews