Римската „волчица“ оддолеа на сите понуди кои стигнаа за белгискиот репрезентативец Раџа Нанголан во летниот преоден рок, кој пак возврати со потпишување на нов договор.

Популарниот „нинџа“ со „џалорисите“ потпиша четиригодишен договор и на Олимпико ќе остане најмалку до 2021 година.

Нанголан беше голема желба на Челси и Манчестер Јунајтед, но фудбалер одлучи да го послуша советите на новиот спортски директор Мончи и да остане во Рома.

Како награда клубот од Рим, Нанголан ќе го именува за заменик капитен, бидејќи капитенската лента по заминувањето на Франчески Тоти ќе ја носи Даниеле Де Роси.

OhridNews