Римската „волчица“ во летниот предеон рок ќе биде пред големо искушение, откако за услугите на Един Џеко се заинтересира шпанскиот гигант, Реал Мадрид.


Босанскиот репрезентативец по пернаметниот трансфер од Манчестер Сити во Рома игра во најдобра форма и со 17 голови е најдобар стрелец во Серија А моментално.

Иако „кралевите“ во своите редови имаат квалитетни напаѓачи од рангот на Карим Бензема и Алваро Мората, не се исклучува можноста и двајцата заминат од клубот и Џеко да пристигне како нивна замена.

Мората се поврзува со трансфер во Челси, а Бензема има пад во формата и често е мета на критика од навивачите на Сантијаго Бернабеу.

Џеко важечки договор со Рома има до 2020 година, а според италијанските медиуми трансферот би изнесувал од 30 до 35 милиони евра.

OhridNews