Екипата на Рома на „Олимпико“ го совлада Интер со 4-2 во дерби пресметката од 13-та рунда во Серија А.
Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ беше најзаслужен за победата на „волчицата“ постигнувајќи ги двата решавачки погодоци.
Претходно во два наврати домаќините имаа предност, а Интер успеваше да се врати во игра.
Со овој триумф фудбалерите на Рома ја продолжија битката со Јувентус за титулата во калчолигата.
Мх.П.