Тимот на Рома со победата 2-1 над Лацио во градската пресметка на Олимпико ја осигура вицешампионската позиција во италијанската Серија А.


„Џалоросите“ во 73-та минута стигнаа до водство со голот на Итурбе. Осум минути подоцна Ѓорѓевиќ изедначи на 1-1, а победата за Рома која им обезбеди директен пласман во ЛШ ја донесе Мбива во 85-та минута.


Покрај навивачите на Рома на триумфот се радуваат и фудбалерите на Наполи кои во директна пресметка со Лацио ќе решаваат, кој ќе биде третиот преставник од Серија А во Лигата на Шампиони.

Мх.П.