Ретко видена ситуација се случи на трансфер пазарот изминативе денови во режија на Бордо, Рома и Барселона околу ангажманот на 21-годишниот бразилски фудбалер Малком.

„Волчицата“ и францускиот состав после недела дена преговори најдоа заеднички јазик за оштетата за Малком, а италијаните го платиле авионскиот билет и подготвиле пречек за Бразилецот на аеродромот во Рим. Во последен час на адреса од Бордо стигнала повисока понуда од Барселона за Малком, која французите ја прифатиле и ја извисија Рома.

  • Ние направивме се` што е потребно, а работите ги искомпликуваа Бордо и менаџерот, кои, одиграа крајно неспортски. Кога му се јавив на претседателот Џејмс Палота да му кажам што се случи тој ми рече изедначија понудата со Барселона. Ние и тоа го направивме, но очигледно Бордо цело време седел на два стола, што не е фер. – изјави човекот задолжен за трансфери во Рома, Мончи.

Малком со Барселона потпиша петгодишен договор, а каталонците за неговите услуги на Бордо му исплатија 45.5 милиони евра. Со ангажманот на младиот бразилски фудбалер, многу веројатно, Барселона ќе се откажи од намерата да го купи Вилијан од Челси за кој испратија понуда вредна 70 милиони евра.

OhridNews