Италијанскиот калчолигаш, Рома му нуди двегодишен договор на Златан Ибрахимовиќ вреден 14 милиони евра, пренесе Спорт Медијасет.


Ибрахимовиќ за шест дена ќе стане слободен играч бидејќи ќе му заврши договорот со ПСЖ и тој како слободен играч би можел да се врати на Апенините каде во минатото настапуваше за Јувентус, Интер и Милан.

Најголем интерес за услугите на Ибрахимовиќ, во овој преоден рок покажуваат Милан и Манчестер Јунајтед, но овие два тима нема да играат во Лигата на шампионите, додека Рома има шанси да стигне до елитното натпреварување.

Рома е во потрага по врвен голгетер откако Еден Џеко минатата сезона не ги исполни очекувањата.

OhridNews