Екипата на Рома планирана да изгради нов стадион, кој ќе го носи името на Франческо Тоти. “Принцот на Рим“ од почетокот на својата фудбалска кариера го носи дресот на “волчицата“ и оддолеа на многу богати понуди за преселба во друг клуб.


Тоти постигна еден погодок во победата над Џенова 3-1 и стана втор најдобар стрелец во Серија А. Капитенот на “волчицата“ е еден од ретките фудбалери кои целата кариера ја поминале во еден клуб.

Рома предводена од Тоти стана првак на Италија во 2001 година, а во 2006-та на мундијалот во Германија “принцот“ се закити со златниот медал.

Мх.П.