Ливерпул нема намера да го отпушти Јирген Клоп од менаџерската функција. Според новинарот Фабрицио Романо, раководството на Ливерпул се уште го поддржува 55-годишниот Германец и нема да го смени тренерот.

Нема преговори со други специјалисти и покрај неуспесите на Ливерпул оваа сезона. Ливерпул сака да продолжи со Клоп. Заедно со него клубот се подготвува за летниот преоден рок. Приоритет на Ливерпул ова лето ќе биде засилување на средниот ред. Во оваа зона сакаат да го ангажираат Џуд Белингем (Борусија Дортмунд) или Матеус Нунеш (Вулверхемптон). Клоп работи напорно за да направи разлика и да го врати Ливерпул на врвно ниво. Двете страни сакаат да продолжат да работат заедно, објави Романо.

Ливерпул моментално е на 10. место на табелата во Премиер лигата. Клубот е елиминиран и од ФА Купот и од англискиот Лига куп. „Црвените“ имаат една победа и четири порази во седум одиграни натпревари во 2023 година.

OhridNews
Фото: Принтскрин Јутуб