Едно романско село раширило, како што велат, најголемо знаме на светот, направено како би влегле во Гинисовата книга на рекорди. Биле потребни околу 200 лица и неколку часа работа како знамето со големина 330 на 220 метри би се раширило. Било тешко пет тона, а било изложено во Клинечни, град 35 километри југоисточно од Букурешт.
Работниците се мачеле да го задржат цврсто на земјата поради силниот ветер, и во еден момент користеле и мали вреќи со песок. Адријан Драгомир, менаџер на фабриката која го направила знамето, рекол дека биле потребни неколку седмици шиење и 70 километри конец. Знамето треба да биде посетено од премиерот Виктор Понта и други министри во владата.