Некогашниот репрезентативец и предводникот на нападот на Бразил, Ромарио го нападна селекторот на „кариоките“, Дунга за неговото менаџерско работење во репрезентацијата.


Дунга кој беше соиграч на Ромарио и капитен на селекцијата на Бразил 1994 година која го освои Мундијалот во Америка во селекцијата промени дури 52 фудбалери.

– Тој ми е пријател, но очигледно е дека погрешно работи на селекторската позиција. Дунга работи во корист на менаџерите, а не за селекцијата. Менаџерите ја „билдаат“ сумата на фудбалерите откако тие ќе имаат неколку констатни настапи за Бразил и се богатат на плеќите од сите нас кои трепериме за доброто на селекцијата. – рече Ромарио.

Дунга на селекторската позиција го наследи Луис Филипе Сколари кој предводеше Бразил на Мундијалот пред една година.

Мх.П.