Фудбалската селекција на Холандија во името на Роналд Куман дови нов селектор. 54-годишниот стратег со „лалињата“ потпиша договор до 2022 година и стана шести селектор во последните осум години.

Поранешниот менаџер на Евертон и Саутемптон има неверојатно тешка задача пред себе, бидејќи холанѓаните несвојствено за нив го пропуштија Европското првенство во Франција, а ќе пропуштат и Мундијалот во Русија кој ќе се одржи годинава.

– Среќен и горд сум што станав селектор на Холандија. Ќе направам се што можам да се пласираме на Европското првенство 2020 година и со тоа да ја вратиме Холандија каде што припаѓа. – изјави Куман.

Куман на селекторската клупа од „лалињата“ го наследи Дик Адвокат, кој пак го замени Дени Блинд после неуспешниот старт на квалификациите за Мундијалот во Русија.

OhridNews