Селекторот на Бразил, Карлос Дунга се одлучи да ги повика за Олимпијадата во Пекинг големите бразилски ѕвезди, Роналдињо и Робињо.

Покрај овие двајца кои ќе бидат предводници на тимот, во составот ќе бидат ѕвездите Александре Пато од Милан и Диего од Вердер Бремен.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андерсон е еден од трите фудбалери од Премиер лигата кои се наоѓаат во составот на Баразил.

Бразил никогаш не ја освоил титулата на Олимпијадата, двапати стигнале до финалето, во Лос Анџелес 1984 и во Сеул 1988, во Атланта 1996 беа трети.

Бразил се наоѓа во Групата Ц заедно со Белгија, Кина и Нов Зеланд, првиот натпевар го играат на 8ми август против Белгија.