Бразилскиот ас Роналдињо Гаучо е на чекор од трансфер во турскиот Бешикташ. Според водечките европски медиуми тој потпишал двегодишен договор во вредност од 10 до 15 милиони евра.

Ако се реализира трансферот на Роналдињо, тој ќе се пресели како слободен фудбалер и ќе биде вистински поклон за хрватскиот стратег Славен Билиќ, кој е на клупата на турскиот суперлигаш.

Покрај богатиот договор Роналдињо барал да има камата ако платата касни, право на индивидуални спонзори, премии за освоени трофеи како и дел од профитот од продавањето на дресови со неговото име.

Ако Бешикташ ги задоволи сите овие барања на Роналдињо тоа ќе биде враќање на „магионичарот“ на европско тло. Тој порано настапуваше за ПСЖ, Барселона и Милан.

Мх.П.