Бразилецот Роналдињо нема намера да стави крај на кариерата, откако договори едногодишна соработка со Коритиба.

Роналдињо кој со Бразил стана светски првак во 2002 година, а со Барселона триумфираше во Лигата на шампионите, во Коритиба ќе заработи еден милион евра, а клубот е должен да му обезбеди куќа во близина на стадионот и луѓе кои ќе се грижат за неговата безбедност.

Легендарниот Бразилец во кариерата има настапувано за ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куеретаро и Флуминенсе.

OhridNews