Некогашниот фудбалер на Барселона, Милан и ПСЖ, Роналдињо Гаучо е избран за најдобар фудбалер во Јужна Америка. Во изборот учествуваат само фудбалери кои се натпреваруваат во земјите од тој континент.

Во трката за најдобар фудбалер Роналдињо го совлада својот соиграч од бразилската селекцијата Нејмар додека на третата позиција се пласираше Макси Родригез.

Роналдињо е слободен играч по завршувањето на договорот со Атлетико Миниеро и лесно може да се случи тој повторно да се врати во Европа.

Мх.П.