Популарноста и славата треба максимално да се искористат и да се „намлатат“ пари за стари дни. Токму тоа го прави и суперѕвездата Роналдињо.

Холивудските филмски гиганти Ворнер и Дизни имаат намера да снимат анимиран филм во кој главната улога би ја имал бразилскиот волшебник. Со тој филм сакаат да го надминат филмот Спејс Џем од 1996 во кој главната улога ја имаше легендарниот кошаркар Мајкл Џордан. Роналдињо признал дека Џордан му е еден од најголемите идоли.

„Пораснав гледајќи ги неговите натпревари и отсегогаш сум се одушевувал на она што можеше да го направи на теренот. Сонував за тоа во фудбалот да ја внесам магијата со која Мајкл ја обележа кошарката. Бев најсреќен на светот кога го запознав, без оглед што сум денес можеби еднакво славен како тој во свое време“ изјавил Роналдињо.

С.К.