Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид со 3-1 го совлада италијанскиот првак Јувентус во рамките од „Купот на шампиони“ на кој учествуваа речиси сите големи клубови од Европа.
На средбата помеѓу Реал Мадрид и Јувентус не настапи Кристијано Роналдо, кој токму од Мадрид за 100 милиони евра се пресели во Торино. Португалецот остана во Италија и тренираше со останатите играчи, кои, подоцна и се приклучија на екипата.
„Бјанконерите“ поведоа со 1-0, но шпанците предводени од Герет Бејл и Марко Асенсио имаа одговор за негативата и го свртеа резултатот во своја полза за конечна победа.
Роналдо ќе биде подготвен за почеток на сезоната во италијанскиот фудбал, а Реал Мадрид, пак, покажува знаци на живот и после заминувањето на најдобриот фудбалер.
OhridNews