Во 26-та рунда Кристијано Роналдо, Герет Бејл и останатите фудбалери на Реал Мадрид на „Винсенте Калдерон“ против градскиот ривал Атлетико Мадрид ќе го полагаат шампионскиот испит.

Минатото коло Атлетико Мадрид и Барселона претрпеа порази, кралевите со победа се одлепија на три бодови предност, а веќе на овој меч со победа над градскиот ривал ќе го отпишат од борбата за титулата во „Ла Лига“.

Двојки : Малага – Валјадолид, Леванте – Осасуна, Гетафе – Еспањол, Елче – Селта Виго, Вилјареал – Бетис, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид, Барселона – Алмерија, Рајо Валјекано – Валенсија.

Табела : Реал Мадрид 63, Барселона 60, Атлетико Мадрид 60, Атлетик Билбао 47…

Мх.П.