Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Ентони Гризман се најдоа во потесниот избор за најдобар фудбалер во Европа за сезона која измина.
Првично на списокот беа десет фудбалери, но УЕФА го скрати на тројца од кои ќе го одбере лауреатот за сезоната 2015/16.
Фаворит за освојување на престижната награда е капитенот на Португалија, Роналдо кој успеа да освои трофеј во Лигата на Шампиони со Реал Мадрид и со репрезентацијата на Европското првенство.
Инаку, УЕФА наградата за најдобар играч во Европа ја доделува од 2011 година, а прв лауреат е Лионел Меси кој оваа награда ја доби и минатата година. Освојувачи на наградата биле уште и Андрес Иниеста, Франк Рибери и Роналдо.
OhridNews