Капитенот на Португалија и предводник на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо на уверлив начин ја освои наградата за најдобар играч од реномираното француското списание „Франс Фудбал“.
Португалецот, четвртата „Златна топка“ ја освои со 420 гласови пред фудбалерот на Барселона, Лионел Меси и со 500 пред францускиот репрезентативец, Ентони Гризман.
Во изборот за најдобриот фудбалер вкупно учествуваа 173 новинари од целиот свет. Секој новинар има право да номинира три играчи од понудените 30 фудбалери и да им додели 5, 3 или 1 поени, а потоа се сумираат резултатите и се прогласува најдобриот.
Роналдо со четвртата освоена „Златна топка“ се доближи до Меси кој има пет награди од француското списание кое најдобрите фудбалери ги наградува од 1996 година.
OhridNews