Најскапиот фудбалер во светот Герет Бејл од почетокот на новата година во дресот на Реал Мадрид нема постигнато погодок и нема запишано асистенција.


Проблемот на Бејл неименувам извор од клубот го лоцира во Кристијано Роналдо, кој исто така има воочлив пад на формата.

– Еден и единствен проблем на Бејл во Реал Мадрид е Роналдо. Португалецот избегнува да игра одбрана, а тоа мора да прави Бејл. Двајцата се фантастични играчи и минатата сезона заедно со Анхел ди Марија ги „ломеа“ противниците. – рекол неименуваат извор за шпанските медиуми.

Можност за прекин на црната серија Бејл ќе има в недела против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“ во шпанската Примера.

Мх.П.