Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо често се поврзуваше со враќање на Олд Трафорд иако тој во своите изјави соопшти дека е среќен во дресот на Реал Мадрид.
Неговиот поранешен соиграч сега член на „ѓаволите“ Анхел ди Марија за англиските медиуми рече дека нема никави шанси Португалецот да се врати во Манчестер Јунајтед.
– Мислам дека Роналдо нема да дојде тука и дека тешко ќе го напушти кралскиот клуб. Би имало шанса ако е тој несреќен во Реал Мадрид, но моментално е сосема спротивно тој ужива во секој момент на Сантијаго Бернабеу – потенцираше Ди Марија.
Роналдо од Манчестер во Реал се пресели 2009 година за тогаш рекордни 94 милиони евра.
Мх.П.