Без победник 2-2 заврши градското дерби во Мадрид меѓу Атлетико и Реал во 26-та рунда од шпанската Примера лига.

Актерите во градската пресметка на „Винсенте Калдерон“ понудија одлична фудбалска престава со четири голови и безброј дуели во текот на натпреварот.

Први поведоа гостите со голот на Бензема во 3-та минута. До финишот на првиот дел „јорганџиите“ со погодоците на Коке и Годин комплетно го свртија резултатот. Најдобриот стрелец во редовите на Реал Мадрид, Роналдо во 81-та изедначи и го задржа „кралот“ на врвот.

Резултати : Вилјареал – Бетис 1-1, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 2-2, Севиља – Реал Сосиеда, Барселона – Алмерија, Рајо Валјекано – Валенсија.

Табела : Реал Мадрид 64, Атлетико Мадрид 61, Барселона 60 (-1), Атлетик Билбао 50…

Мх.П.