Кристијано Роналдо, ѕвездата на мадридски Реал, годинава е најголемиот и според многумина, единствениот кандидат за „Златната топка“ на Франс фудбал и наградата на ФИФА за играч на годината, но тој смета дека ќе има уште четворица конкуренти.
Португалецот минатата година ги освои двете престижни награди, а речиси е сигурно дека и оваа година наградите ќе завршат кај него.
Кристијано Роналдо со Реал ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите, а во првенството ја освои првата титула по пауза од пет години.
Сепак, тој е свесен дека и оваа година ќе има голема конкуренција, а според него, четворица играчи ќе се борат за наградите.
„Секако дека ќе има голема борба. Тука сум заедно со Меси, Нејмар, Левандовски и Игуаин. Ваков вид борба и натпреварување ме мотивира од година на година да се подобрувам“, рекол Кристијано Роналдо.
Португалец има вкупно четири „Златни топки“, додека водечки е Меси, кој има пет признанија за најдобар играч на светот.
OhridNews