Со погодокот против Елче во триумфот (2-0) Кристијано Роналдо стигна до бројката 290 голови за Реал Мадрид и стана трет стрелец во историјата на кралскиот клуб.


Роналдо на Сантијаго Бернабеу пристигна во 2009 година од Манчестер Јунајтед и до сега во 281 одигран натпревар има постигнато 290 погодоци.

Пред португалскиот репрезентативец на вечната голгетерска листа се наоѓаат Алфредо ди Стефано со 307 и Раул Гонзалес Бланко со 323 погодоци.

За очекување е Роналдо по завршување на следната сезона дека ќе стане најдобар стрелец во историјата на клубот.

Ohridnews