Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо се соочува со драстична суспензија, откако на дуелот со Барселона во шпанскиот Супер куп го турна судијата Рикардо де Бургос.
Португалецот доби втор жолт, автоматски црвен картон поради симулирање и незадоволен од одлуката го турна судијата кој тоа го навел и во записникот.
Според пропозициите Роналдо ќе добие суспензија од 4 до 12 натпревари. Која казнена мерка да му биде изречена на Роналдо сигурно ќе биде хендикеп за Реал Мадрид на стартот од новата сезона.
OhridNews