Трикратниот најдобар фудбалер во светот Кристијано Роналдо после завршување на фудбалската кариера ќе се посвети на бизнисот.


Португалецот се повеќе навлегува во бизнисот. Тој има своја модна линија за долна облека, а долго време е заштитен знак на компанијата за спортска опрема Најк.

Но, Роналдо прави чекор повеќе и откупи хотел вреден 140 милиони евра во Монте Карло од американскиот тајкун Доналд Трамп, а планира да купи уште повеќе и да направи голем ланец на хотели кои ќе го носат неговото име „CR7“.

Не е прв пат фудбалскиот ас да купува недвижнини од Трамп. Пред извесно време Роналдо за апартман во Њујорк на кандидатот за претседател на Америка му исплати 18.5 милиони долари. 

OhridNews