Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо го скрши мразот во Серија А и со два погодоци му донесе триумф на Јувентус (2-1) на домашен терен против Сасуоло.

Португалецот првиот погодок го постигна во 50-та, а вториот во 65-та минута за водство 2-0. Сасуоло почесниот погодок го реализираше во 90-та минута преку Коума Бубакар. Дамка на победата на „бјанко-нерите“ остави неспортскиот потег на Даглас Коста. Бразилецот го плукна играчот на Сасуоло и заработи директен црвен картон.

Резултати: Рома – Киево 2-2, Џенова – Болоња 1-0, Јувентус – Сасуоло 2-1, Удинезе – Торино 1-1, Емполи – Лацио 0-0, Каљари – Милан 20:45 часот.

OhridNews