Голгетерот на Реал Мадрид и капитенот на селекцијата на Португалија, Кристијано Роналдо ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот која ФИФА од годинава ја доделува самостојно.
Роналдо во трката за најдобар фудбалер подобар беше од Ентони Гризман и Лионел Меси кој заедно со останатите од Барселона кои беа одбрани во тимот на годината не присуствуваа.
– Иако не ја освојувам прв пат оваа награда, се радувам како да ми е прва. За мене оваа 2016 година беше најдобра во мојата кариера освојувајќи многу значајни титули со Португалија и Реал Мадрид. Сакам јавно да им се заблагодарам на соиграчите од Реал Мадрид и Португалија за беспрекорната доверба и поддршка. – изјави Роналдо.
Португалецот на церомонијата се појави со новата девојка, а при обраќањето истакна жалење што фудбалерите на Барселона не присуствуваа на прогласување на најдобрите.
Кристијано Роналдо најдобар фудбалер во светот !
OhridNews