Холанѓанката Лике Мартинс и португалскиот ас Кристијано Роналдо се прогласени за најдобри фудбалери во женска односно машка конкуренција во Европа.
24-годишната Мартис во својата конкуренција ги совлада Перниле Хардер односно Џенифер Марочан, додека Роналдо прв до целта стигна пред Џиџи Буфон и Лионел Меси.
Наградата за најдобар голман му припадна на Џиџи Буфон од тимот на Јувентус, за најдобар дефанзивец прогласен беше Серхио Рамос (Реал Мадрид), а доминацијата на „кралевите“ продолжи со наградите за Лука Модриќ за играч за врска и за Кристијано Роналдо за најдобар напаѓач.
Пред почетокот на церомонијата Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му додели награда за посебни заслуги на Франческо Тоти.
OhridNews