Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е на добар пат да ја прекине доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот на најдобар фудбалер според реномираниот „Франс фудбал“, кој ја доделува „Златната топка“.

На промена мириса фактот што Португалецот и Аргентинецот не се дел од гала церомонијата во Париз на која ќе биде прогласен најдобриот фудбалер во светот.

Роналдо и Меси наизменично „Златната топка“ ја освојуваа од 2008 година наваму. И двајцата фудбалери имаат по пет признанија. Модриќ, веќе доби едно признание, откако прогласен беше за најдобар фудбалер според ФИФА.

OhridNews