Најголемите ѕвезди во светскиот фудбал Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе бидат помеѓу специјалните гости на финалниот дуел помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во Копа Либертадорес, кој ќе се одигра на стадионот во Мадрид, Сантијаго Бернабеу на 9 декември (недела).

Роналдо и Меси преку своите агенти побарале билети за реваншот во Копа Либертадорес, кој предизвика голем интерес. Мадрид е домаќин на финалето, поради инцидентите кои ги направија навивачите на Ривер Плата во пресрет на мечот кој требаше да се одигра на „Монументал“. Домашните симпатизери го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс, а дел од играчите претрпеа телесни повреди.

Реваншот прво беше одложен неколку часови и презакажан за другиот ден, но и тогаш не се одигра. По дузина состаноци и преговори, Јужноамеричката федерација одлучи вториот меч во финалето да се одигра во Мадрид.

Првиот дуел на „Ла Бомбениера“ заврши без победник 2-2, а гол во гости не важи во Копа Либертадорес.

OhridNews