Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо со седмицата на грбот од дресот беше промовиран како нов член на Јувентус. Петкратниот освојувач на Златната топка на „чизмата“ се пресели од Реал Мадрид за трансфер вреден 105 милиони евра.  Роналдо со актуелниот шампион на Италија потпиша четиригодишен договор.

  • Јувентус е еден од најдобрите клубови на светот. Пред донесувањето на конечната одлука размислував,  но сите мои пријатели што ги прашав ми рекоа дека Јувентус е клубот во кој треба да продолжам. Јувентус има сјајен тренер, во екипата има играчи од светска класа и подготвени сме за нешто големо. – рече Роналдо.

И без Роналдо во составот Јувентус имаше високи цели, но со него на теренот сезона без сите трофеи вклучувајќи ја и титулата од Лигата на Шампиони ќе биде неуспех.

  • Уживам во фудбалот, бидејќи ова е мојот сон. Секогаш ги прифаќам предизвиците без размислување и двоумење. Почнав во Спортинг се преселив во Манчестер Јунајтед, потоа во Реал Мадрид и сега со Јувентус. Со должна почит, но не сум тажен поради заминувањето од Реал Мадрид. На мои 33 години играчи заминуваат во Катар или Кина, а јас можам само да му се заблагодарам на Јувентус за шансата и во Италија дека покажам дека сум најдобар – нескромно изјави Роналдо.

Тој се осврна на играњето во Серија А и Лигата на Шампиони во која Јувентус во последното финале изгуби од Реал Мадрид предводен од Роналдо.

  • Знам дека ќе биде тешко, но сакам предизвици. Не сакам да гледам назад на моите успеси, туку сакам нови победи и титули. Верувам во себе. Во мојата способност и во екипата. Секој клуб кој игра во ЛШ се бори за трофејот и нема тука скриени амбиции, а што се однесувам до другите титули тие ќе бидат наша обврска. – најави Португалецот.

Роналдо со тренинзи ќе почне за две седмици и се надева дека ќе биде подготвен за првата рунда во Серија А, која е закажан за 12 август.

OhridNews