Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо извиси во изборот за најдобрите за минатата сезона во кој доминира Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ освоија вкупно четири индивидуални признанија иако заврши на третата позиција на табелата после Барселона и Реал Мадрид.
Диего Симеоне е одбран за најдобар тренер, Ентони Гризман за најдобар фудбалер, Јан Облак прогласен е за најдобар голман, а награда дефанзивец на сезоната ја освои Диего Годин.
Најдобар напаѓач прогласен е Лионел Меси, голгетер на годината е Луис Суарез, најдобар среден играч е Лука Модриќ, а за дебитант на годината избран е Марко Асенсио од кралскиот клуб.
OhridNews