Селекцијата на Бразил која триумфираше и Роналдо кој ги постигна двата погодоци во финалето против Германија и стигна до наградата најдобар стрелец го одбележаа Мундијалот 2002 година кој се одржа во Јапонија и Јужна Кореја. Покрај головите на Роналдо, сите ја паметат и неговата чудна и необична фризура која никој не остави рамнодушен. Сепак, фризурата не била случајна, туку начин да се сврти вниманието и намали притисокот од медиумите поради неговото здравје.

– Имав повреда и сите зборуваа за неа, а никој не обрнуваше внимание на фудбалот. Доцна во ноќта станав и решив да ја избричам главата и да оставам коса напред на врвот. Сабајлето на тренинг откако сите ја забележаа мојата лоша фризура заборавија на повредата. Тоа беше одличен потег да се сврте вниманието и да се тргне притисокот од моите плеќи. – изјави Роналдо.

 Од таа 2002 година „селесао“ нема титула на Светските првенства, а сите уште го паметат дебаклот со Германија во 1/2 финалето на Мундијалот кој се одржуваше токму во Бразил. 

– Последниве две години многу работи во позитивен правец се променија во селекцијата, затоа сум многу голем оптимист. Иако СП изобилува со квалитет помеѓу 4-5 селекции може да се гледа шампионот, а сигурно помеѓу нив е и Бразил. – додаде Роналдо.

„Кариоките“ на Мундијалот во Русија во групата се наоѓаат со Швајцарија, Србија и Коста Рика.

OhridNews

Анкета: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот?
(Одговори на дното од страницата)