По хет трикот на Депортиво ла Коруња, Кристијано Роналдо со четири погодоци во мрежата ги испрати фудбалерите на Елче, а „кралевите“ забележаа победа 5-1.

Покрај добрите игри на Португалецот топ тема овие денови во светските медиуми е изјава на Жозе Мурињо кој го нападна Роналдо.
– Тоа воопшто не е важно, што беше, беше. Што се однесува на мене се е во ред и сакам да му помогнам на Реал Мадрид за што подобри резултати. Околу другите работи не е моја работа за зборувам – додаде Роналдо.
Репрезентативецот на Португалија проговори околу можното враќање на Олд Трафорд – Се се тоа шпекулации. Само што почна сезоната и не сакам да зборувам за идната – заврши Роналдо.
Мх.П.










