Водечката екипата во Серија А, Јувентус го претрпе првиот пораз сезонава во сите натпреварувања, откако на домашен терен изгуби од Манчестер Јунајтед (2-1) во 4-та рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Старата дама“ водеше и имаше игра, а „црвените ѓаволи“ во пет минути успеаја да го свртат резултатот во своја полза и да победата.

  • Никогаш не е добро да изгубиш натпревар, но овој момент можеби ќе биде добар. Нема потреба од паника и уклучување на алармот, бидејќи ние се уште сме први во групата и имаме се` во свои раце.  Лигата на Шампиони е специфично натпреварување каде што не смеете да се опуштите. Доминиравме во текот на целиот меч, креиравме шанси да го решиме мечот, но не ги реализиравме. Манчестер Јунајтед не направи ништо да победи во мечот кој ние требаше да го добиеме. – изјави Португалецот.

Роналдо погодокот кој го постигна за водство во 65-та минута го прослави, а потоа побара извинување од навивачите на англискиот клуб кои присуствуваа на стадионот.

OhridNews