Кристијано Роналдо, Марсело и голманот Кејлор Навас паузата во националните шампионати поради репрезентативните обврски ја искористија за што подобра физичка подготвеност за дуелот со Барселона во Ла Лига кој на програмата е в сабота.


Роналдо подолго време лечи повреда, а Марсело и Кејлор Навас поради повреди ги пропуштија претходните мечеви на „кралевите“. На едно видео од тренинг центарот на Реал Мадрид се гледа дека Роналдо и Марсело тренираат во полн погон, а Кејлор Навас со терапии се подготвува за првото „Ел Класико“ сезонава.


Реал Мадрид нема право на грешка во дербито со Барселона откако во минатото коло претрпеа пораз од Севиља (3-2).

Ohridnews