Португалската репрезентација со златни букви се запиша во аналите на фудбалот триумфирајќи на 15-то издание на Европското првенство во фудбал.


„Селесао“ и без Кристијано Роналдо во составот кој предвреме го напушти мечот поради повреда ја совладаа Франција по дополнителните триесет минути со 1-0.

– Ова е најсреќниот момент во мојот живот. Пресреќен сум. Го чекав овој момент цели 12 години односно од финалето во Лисабон кога изгубивме од Грција. Го молев Господ да ми пружи уште една шанса и тој го направи тоа за мене. Од секогаш сонував за титула со репрезентацијата. Тој мој сон се оствари а се надевам и на сите португалци кои беа неверојатна поддрша за нас во Франција. – рече Кристијано Роналдо.


Капитенот на „европските бразилци“ не и помогна на екипата на теренот, но затоа потскокнуваше на аут линијата делејќи му совети на своите соиграчи.

– Нажалост во финалето не играв премногу. Но, верував во момците. Знаевме дека со пристапот и добрата игра ќе направиме многу работи. Момците покажаа како се игра со срце, јас пробав да играм и повреден, но едноставно не можев, болката беше огромна. – додаде Роналдо.


На ова ЕП, Португалецот обори два и изедначи еден рекорд. Тој стана првиот играч со 21 настап на Европските првенства и првиот што постигнал гол на четири континентални собири, а се изедначи по вкупниот број на погодоци со Мишел Платини (9).

Видео: Солзи, тага и неверување по повредата на Роналдо !

Фото: Шампионскиот крик на Роналдо

Португалија ја покори фудбалска Европа ! (видео)

OhridNews