Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на Европа во сезоната 2013/2014. Играчот на Реал Мадрид до наградата стигна во конкуренција на играчите на Баерн Минхен, Мануел Нојер и Аријан Робен, пренесува „Макфакс“.

„Благодарност до моите соиграчи, без нив немаше да стигнам до оваа награда, бидејќи ова е тимска работа. Благодарност до семејството, навивачите…Мојот брат ќе го однесе овој трофеј во мојот музеј“, изјави веднаш по добивањето на наградата Роналдо.

Португалецот, минатата сезона со Реал ја освои титулата во Лигата на шампиони, а исто така триумфираше со својот тим и во шпанскиот Куп. Роналдо во Лигата на шампиони постигна 17 голови, а во целтата минатат сезона беше стрелец на 51 гол во сите натпреварувања.

Во конкуренција за најдобра фудбалерка на Европа во сезоната 2013/2014 беа Нила Фишер, Надин Кеслер, Мартина Милер сите три фудбалерки на актуелниот Европски првак Волфсбург.

Жирито составено од 12 новинари за најдбра во Европа во измината сезона ја избра Надин Кеслер.

OhridNews
извор:„Макфакс“