Кристијано Роналдо во поразот на Реал Мадрид од Шалке 4-3 постигна два погодоци и стана најдобриот стрелец во Лигата на Шампиони.


Португалецот во текот на мечот и по завршувањето беше многу нервозен, а во разговорот со Карим Бензема се гледаше разочараноста на неговото лице.

Роналдо одби да даде изјава за медиумите по натпреварот со зборовите дека до крајот на сезоната нема да достапен за нив.

Публиката на „Сантијаго Бернабеу“ со свирежи ги поздрави своите миленици, а ултрасите ги чекаа надвор од стадионот на заминување со автомобилите.

Ohridnews