Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо не исклучува можност за заминување од Реал Мадрид по истекувањето на договорот.
Неговиот менаџер Жорге Мендеш неколку пати изјави дека Роналдо ќе ја заврши каерирата во Мадрид, но фудбалерот изјави нешто сосема друго.
– Дали можи да заминам од Мадрид ? Зошто да не. Сега играм тука, но во фудбалот не можете да предвидите работи за неколку години. Во животот треба да направите работи од кои ќе бидите среќни, никој не знае што ќе се случи во иднина. – рече Роналдо.
Португалецот обори бројни рекорди на „Сантијаго Бернабеу“, а еден од нив е вкупниот број на голови во историјата на кралскиот клуб.
Ohridnews











