Кралскиот клуб од Сантијаго Бернабеу шеста година по ред обезбедува пласман најмалку во четвртфиналето откако едно скалило претходно ја елиминираше Рома.
Реал Мадрид пред своите гледачи победувајќи со 2-0 ја доврши задачата која си ја олесна со триумфот (2-0) на првиот меч на Олимпико во Рим.
– Среќен сум. Го остваривме зацртаното против Рома. Мене лично не ми е битен ривалот во четвртфиналето. Исто така рано е да размислуваме за ждребката бидејќи има уште многу за играње од осминафиналната фаза. Сепак, сите сме свесни дека нема лесен противник во нокаут фазата и екипата е подготвена за борба со секого. – рече Кристијано Роналдо.
Португалецот на двомечот со италијанскиот клуб постигна два погодоци и тоа водечките за неговата екипа во двата натпревари.
OhridNews











