Кристијано Роналдо од контровезно досудениот пенал во 93-та минута од мечот го постигна погодокот вреден полуфинале за Реал Мадрид во дуелот со Јувентус на Сантијаго Бернабеу во Лигата на Шампиони. Играчите на Јувентус, кои, бурно реагираа после одлуката на Мајк Оливер се служеа со „ситни“ провокации, кои, не доликуваат на клуб од реномето на италијанскиот првак. Јувентус во Мадрид успеа да ја надохнади негативата 3-0 од првиот меч, но Португалецот и покрај големиот притисок остана смирен и погоди за полуфинале во последните мигови од мечот.
OhridNews