Шпанскиот арбитражен спортски суд ја одби жалбата од Реал Мадрид за суспензијата од пет натпревари за Кристијано Роналдо. Првата виолина на „кралскиот“ клуб суспензија доби за вербален контакт со главниот судија на мечот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на Ноу Камп.
Португалецот одлежа два од петте мечеви и ќе на терените ќе се врати за три мечеви. Тој не остана нем и преку социјалните мрежи го искажа своето незадолство.
– Уште една неразумна одлука. Од неправда, во неправда, но никогаш нема да ме срушат. Како и секогаш јас ќе се вратам посилен. Им благодарам на сите за поддршката. – напиша Роналдо на својот профил на социјалните мрежи.
И без Роналдо во составот „кралевите“ ја победија Барселона на Сантијаго Бернабеу (2-0) во Шпанскиот Супер куп и го заверија вториот трофеј после титулата во Супер купот на Европа кој се одигра во Скопје.
OhridNews