Селекцијата на Португалија предводена од Кристијано Роналдо беше подобра од репрезентација на Аргентина предводена од Лионел Меси со 1-0 на пријателскиот меч, кој го одиграа на Олд Трафорд.
Иако во центарот беа овие двајца фудбалери, сепак Рафаел Гереиро го реши натпревар погодувајќи за „селесао“ во 90-та минута.
Од другите поинтересни натпревари Англија триумфираше со 3-1 над Шкотска во островското дерби додека дуелот меѓу двата последни Светски прваци им припадна на германците победувајќи со 1-0 над Шпанија.
Резултати : Шкотска – Англија 1-3, Франција – Шведска 1-0, Шпанија – Германија 0-1, Португалија – Аргентина 1-0, Австрија – Бразил 1-2, Италија – Албанија 1-0, Грција – Србија 0-2, Полска – Швајцарија 2-2, Република Ирска – Америка 4-1, Унгарија – Русија 1-2, Словачка – Финска 2-1, Белорусија – Мексико 3-2.
Мх.П.