Иако е во најдобрата форма и најдобрите години португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се изјасни каде сака да ја заврши богатата фудбалска кариера.


– Имам многу пријатели во Бразил и многу ми се допаѓа таа земја. Сакам после завршување на обврските кон Реал Мадрид да заиграм во тамошниот фудбал или попрецизно во Коринтијанс или Фламенго – рече Роналдо.

Важечкиот договор на Роналдо со „кралевите“ истекува јуни 2018 година, а до тогаш тој ќе мора да остане фокусиран на настапите за Реал Мадрид.

Мх.П.