Европскиот првак Реал Мадрид со пресврт успеа да ја совлада Кордоба со 2-1 во крајно неизвесен и возбудлив натпревар.


Домаќините во третата минута погодија за водство, а во 27-та „кралевите“ изедначија 1-1. Тој резултат беше активен до 87-та минута кога Герет Бејл погоди од белата точка за конечни 2-1.

Претходно по еден дуел со противнички фудбалер Кристијано Роналдо заработи црвен картон, а неколку минути потоа се изедначија силите откако и Картбија заработи црвен картон.

Мх.П.