Кристијано Роналдо се однесувал како уличар на тренингот на ’кралскиот клуб’ одржан во Мелбурн. Според шпанските медиуми, најдобриот играч на Реал се однесувал како љубоморна сопруга и со невкусни зборови му се обратил на тренерот Рафа Бенитез.
Роналдо експлодирал од нервоза откако Бенитез му поништил гол, во свој стил започнал да се дере и да мафта со рацете: „Vai caralho!“, а потоа продолжил: „Ова им го правиш само на Португалците“.
Овој испад на Португалецот тренерот Бенитез го испратил со насмевка, но нова порција на навреди од Роналдо добил пред крај на тренингот кога од играчите побарал да гаѓаат во стативата.
„Какви се овие глупости!? Мислам дека целта е да се погоди голот, а не стативата“.
Шпанските медиуми по овој испад на официјално најдобриот играч во светот започнаа со шпекулациите дека тој се подготвува да го напушти Реал. Исто така, во коментарите се споменува дека Португалецот е нервозен, бидејќи во новата концепција на Бенитез, Герет Бејл добива целосна слобода во играта.
Ohridnews